Во штабот на новоизбраниот претседател на САД има многу американски Грци, кои ја поддржаа неговата кампања и од кои сега се очекува да дадат поттик на односите на Вашингтон со Грција.
Еве поконкретно некои од нив:
Џорџ (Јоргос) Пападопулос, син на Андонис Пападопулос, познато име меѓу грчката заедица во САД. Тој е меѓу петте советници на Доналд Трамп за прашања од надворешната политика. Неговото присуство во тимот на Трамп беше примено како изненадување од американските Грци, а исто и од политичарите во САД.
На почетокот Пападопулос беше во тимот на еден од противкандидатите на Трамп во трката за републиканската претседателска номинација, Бен Карсон, но по негово повлекување од трката тој застана зад новоизбраниот претседател. Но, засега е неизвесно по какви прашања од грчки интерес ќе го советува Трамп.
Претседателот на предизборната комисија на републиканците, Ринс Прибас е второто име во тимот на Трамп. Кампањата на републиканците беше толку проблематична што Блумберг се запраша дали работата на Прибас е најтешката во САД.
Од таа позиција, 44-годишниот американски Грк беше повикан да ја обедини партијата околу Трамп и навистина во последен момент успеа да го постигне тоа.
Ринс Прибас важи за умерен и слаткоречив и нему му беше доделена задачата да ја отвори партијата кон младите, жените и малцинствата за време на предизборната кампања.
За грчкиот весник Катимерини, Прибас рече дека „републиканците треба да станат претседателска партија, која ќе победи во голема цивилизирана битка“.
Следмниот во штабот на Трамп е Џорџ Ѕиѕикос, американски Грк од Флорида, кој за целото време на предизборната борба стоеше веднаш до него и беше еден од петтемина кои ја водеа битката од самиот почеток на кампањата.
Ѕиѕикос ја предводи компанијата „Телион“, која е специјализирана за стратешки маркетинг, за управување со кризи и за креирањето политики.
Меѓу клиентите на „Телион“ беа тројцата поранешни претседателски кандидиати на Републиканската партија, но исто и Белата куќа, за време на мандатот на Џорџ Буш, но исто и американското Министерство за финансии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.