Црвенквски ужива кога создава темница, за потоа да се појави како крал на темницата за да ја разбистри целата ситуација, вели градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски во интервју за Канал 5.
– Јас сум сигурен дека никој, ама баш никој во СДСМ не бара смена на Црвенковски, особено не официјални органи во таа партија. Црвенковски прво сам најавува дека си заминува, а потоа собира 20.000 потписи да докаже колку членството го посакува и понатаму да остане за претседател на партијата – тоа е само поигрување мајтап со своите колеги, односно кандидатите за претседатели и со ова покажува дека и понатаму неговата рака само ќе биде сенка во Социјалдемократскиот сојуз било каков избор да се направи во таа партија и дека тој концепт на внатрешни сплеткарења и понатаму ќе остане во СДСМ. Тој по мое мислење, ужива кога ќе создаде магла, кога ќе создаде темница, за на крајот да се појави како кралот на темницата и практично ја разбиструва целата ситуација. Гледате и сами дека се чека до последен момент да ја разбистри ситуацијата кога тој ќе каже дали останува како кандидат или се повлекува што е навистина смешно, вели Јакимовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


