Претседателот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 посочи за неправилно постапување на правосудните органи и преквалификација на дела во полесни за политички цели. Поточно тој ја спомена денешната одлука на Апелациониот суд Штип каде што градоначалникот на Општина Ново Село од СДСМ Боро Стојчев , одлучи од 18 месеца затвор да ја намали на 6 месеци затвор само од една причина, тој да остане и понатаму градоначалник.
– Случајот во кој на градоначалникот од редовите на СДСМ во Ново Село беше фатен при шверц на цигари, сега се преименува во обид за шверц за што следува пониска казна, е поради правните последици и тоа престанок на неговиот манда -, објасни Јакимовски.
Јакимовски нагласи, дека градоначалникот на Ново Село од СДСМ Боро Стојчев бил фатен на лице место со целокупна опрема за извршување на делото, што наместо за кривичното дело шверц се терети за обид за шверц. Според него ваквата одлука отвора сомнежи за работата на правосудните органи, односно наместо да се носат правни одлуки, носат политички одлуки.
– Доколку се изрече мерка затвор повеќе од 6 месеци за градоначалникот, тогаш престанува неговиот мандат и треба да се распишат локални избори за избор на нов градоначални – вели Јакимовски.
Тој појасни дека токму поради ваквите случаи, Државниот јавен обвинител не треба да се чуди зошто го прозиваат и зошто граѓаните се помалку веруваат во одлуките на судскиот систем.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.