Шаховската „лига на шампионите“ му припадна на Алкалоид, за прв пат во долгогодишната историја, особено по големите малери кога тимот беше на чекор до тронот во 2009 и 2015 година.
Сепак, Алкалоид не се откажа и продолжи да вложува во шахот, па годинава конечно успеаја да демонстрираат непобедивост, што го потенцираше и директорот на Алкалоид, Живко Мукаетов и додаде дека нема поголема чест од освојувањето на најзначајниот клубски трофеј во Европа.
– Големо задоволство кое доаѓа во годината кога славиме 80 години од комапнијата и 40 години од постоењето на клубот. Генерации биле дел од клубот, се развивал и се организирал, ние секоја година работиме на шаховските школи низ Македонија и работиме на подигање на интересот за шахот и да создаваме кадри за во иднина. Паралелно со тоа создававме сериозен тим кој ќе даде резултати во европските натпреварувања. Продолжуваме со големи чекори напред. Задоволството е огромно, поттик огромен за многу деца да почнат да играат шах, а и за нас кои сме долги години во овој спорт. Покажавме како треба да се бори еден клуб тимски за врвен резултат!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.