Доналд Трамп јавно и се извини на Србија за бомбардирањето во 1999 година за кое тој сметаше дека е една од најкатастрофалните грешки на тогашната администрација на Бил Клинтон. Како што можевме да бидеме сведоци на интервјуто на еден од најблиските соработници на Трамп дадено за ТВ Сонце, Марк Бернс, Доналд Трамп ќе ја почитува вољата на Македонскиот народ да си го задржи уставното име на државата, како и вољата на Македонскиот народ на претстојните парламентарни избори кај нас на 11 декември. Од друга страна, од Трамп има првични најавувања дека во идниот период на неговата администрација ќе следат инвестици во Македонија и на Балканот, нови фабрики од Америка, а со затоплување на односите на САД и Русија, конечно и изградбата на Рускиот тек кој ќе поминува низ Македонија и со кој Македонија ќе стане централната но и најважната алка на Балканот – изјави Јово Бурне, еден од администраторите на интернет страницата „Macedonia supports Donald Trump“.
Во интервју за „index24.mk“ тој објаснува за својата работа како администратор на страницата.
Тој професија е доктор по медицина, и моментално околу 10 месеци е еден од администраторите на интернет страницата „Macedonia supports Donald Trump“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.