Тие ќе продолжат со две работи, а ние со една. Звучи многу едноставно. Јас мислам и дека е всушност сосема едноставно како што е едноставен и јасен изборот и одлуките кои треба да се донесат на овие избори, рече Груевски на Конвенцијата во Метрополис арената.
-Тие се сега во очај и полни со омраза и гнев, од друга страна имаат обврски кон некои кои ги помагаат и ќе мора да исполнуваат работи кои ќе бидат побарани од нив. Во сиот очај и омраза, од една страна ќе се координираат со нивното СЈО за да прави спектакли мислејќи дека нешто ќе добијат од тоа, но се лажат, нашиот народ знае што е што, а од друга страна ќе се обидуваат да пакуваат афери и наводни скандали, преку разни методи фалсификати и слично, преку вториот дел од фабриката на Чауш, со нивното криминално разузнавачко подземје.
Во исто време Заев ќе оди низ Македонија онака благо поднасмеан и ќе нуди невозможни работи, високи плати, тринаестти плати, четиринаесетти плати, гасовод по теркот во Струмица и Куманово кој практично и не е гасовод, ќе враќале 15% ДДВ на граѓаните, или па оној проект без никакво објаснување дека семејствата ќе имале поголем буџет, работи кои никогаш не може да ги испорача, без да каже како ќе ги направи тие работи.
Знаете онака ќе си каже нешто и кој му поверува добро, кој не ќе проба со нешто друго да го прелаже, и тоа за него е наједноставниот пат, зашто за тој човек зборот нема вредност, и тој многу добро знае дека утре нема да мора да го исполнува дадениот зборот зашто е свесен дека ќе изгуби, но си вика да пробам вака да ќарам некој глас. Се сеќавате на она со на Мирчо Свињаро и едното евро за Вицето, тоа Зоран Заев и ние овој еден месец ќе го гледаме вистинскиот Зоран Заев. Да си ќарам некој глас, па и да не победам, тоа е тоа. Си знаат луѓето дека лажам.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.