Додека тие манипулираа наоколу со своите сценарија и платени протестирачи, сега ги нарекуваат во Америка професионални протестанти, кои земаат дебели хонорари да го прават тоа што го прават, и тоа во нашиот случај најчесто странски пари, ние се потпиравме на волјата и поддршката на мнозинството од народот, кој морам да кажам честопати беше доведуван во недоумица, во дилеми и сомнежи, изложен на страшната пропаганда и напади кои ги трпевме, рече Груевски во излагањето на Конвенцијата на Коалицијата за подобра Македонија што се одржува во Метрополис арената, а на која беа претставени кандидатските листи за предвремените парламентарни избори на 11 декември.
–Сакаа да не направат монструми. Но, народот го виде тоа. Народот го препозна тоа. Против Заев и на неговите ментори во Македонија се случи нешто слично како во изборите во САД, ако погледнете има многу сличности во сето ова што и таму се случува. Против Заев се случи движење на тивкото мнозинство. Тоа се луѓе кои останаа да нè поддржуваат и покрај цела црна кампања против нас, кои не подлегнаа на провокациите да има крв како што замислиле тие, ако се сеќавате добро што им беше планот, туку молчеа, трпеливо и мудро согледуваа и не наседнуваа. Против Заев се случи народ! Тој народ на овие избори ќе ѝ донесе огромна победа на нашата коалиција и ќе покаже дека тој народ е газда во оваа држава. Ако порано било потешко, во илинденско или партизанско време, овој пат тоа ќе се направи со пенкалото на изборниот ден, упати Груевски силна порака и нагласи дека народот ќе им го даде својот одговор на сите кои го потценуваа.
Сега му е мајката да биде поразен Заев и сè она што тој ѝ го направи на Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.