Северина Којиќ во последно време го избегнува свекорот Драган Којиќ – Кеба и затоа не оди во семејниот дом на својот сопруг Игор во Белград, пренесуваат српските медиуми. Таа отворено му кажала на својот помлад сопруг дека веќе не сака често да престојува кај неговите родители бидејќи Кеба ѝ станал напорен, а ја нервира и тоа што дава изјава за нејзиниот брак.
-Игор и Северина во почеток цело време престојуваа во домот на Којиќ. Драган и Оља беа воодушевени од тоа, па цел кат реновираа само за нив. Иако Кеба зборува дека не им се меша во бракот, постојано им делеше некакви совети. Секогаш сака да биде зачин во секоја манџа, па пејачката отворено му кажа на сопругот дека веќе не може да го трпи тоа- открива извор близок на семејството.
Од друга страна, Игор сака да престојува во својата земја, но, како и секогаш, ѝ ги исполнува сите желби на својата сакана.
-Игор никако не може да ја убеди Северина да дојдат во Белград бидејќи таа постојано му повторува дека се плаши дека ќе се скара со татко му. Му кажа дека таа не може да се смени на 44 години и дека не сака Кеба да биде третиот човек во нивниот брак- вели изворот и додава дека Северина се оправдува со лекувањето на гласните жици за да не дојде во домот на Којиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Комплетниот мејл што Северина му го испратила на Милан: „Си реков: подобро Милан одошто рак!“
-
После порно аферата се повлече од јавноста: Северина сподели убави вести, среќа во нејзиниот дом!
-
Јас едноставно се навикнав: Порно фотографиите на Северина ја шокираа нацијата, а Кеба реагираше вака!