| четврток, 6 декември 2018 |

Коалицијата „За подобра Македонија“ потпиша декларација за заеднички настап на изборите (видео)

Партиите дел од коалицијата „За подобра Македонија“, денес ја потпишаа декларацијата „Македонија 2020“, со која се обврзуваат за посветено работење и реализирање на проектите и подобрување на животниот стандард на граѓаните.

kolaicija-jpeg3_-640x362Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, по потпишувањето на Декларацијата истакна дека ќе работат во насока на сеопшт развој, свесни се дека има уште да се работи и убедени се дека идеите на државотворност и одговорност се прифатени од граѓаните.

-Граѓаните сакаат напредок и просперитет и знаат кој има капацитет да го стори тоа и кому да му веруваат. Нашите ветувања тежат, а нашите зборови вредат. Сите заедно можеме да помогнеме за подобра иднина на Македонија. Ние членовите на Коалицијата се обврзуваме да ги штитиме интересите на РМ, македонскиот народ и интересите на етничките заедници, истакна Груевски.

kolaicija-jpeg1_-640x375Тој додаде дека и натаму остануваат посветени на стратешките определби како економскиот раст, отворањето на нови работни места, влезот на Македонија во ЕУ и НАТО, унапредување на меѓуетничките односи, борбата со организиран криминал и корупција и инвестиции во секоја област.

kolaicija-jpeg4_-640x386Груевски нагласи дека членовите на Коалицијата ќе обврзуваат дека ќе водат фер и демократска изборна кампања.

kolaicija-640x275-Ќе ја цениме и почитуваме волјата на граѓаните и ќе промовираме позитивен конструктивен пристап во политиката. Свесни дека граѓаните сакаат крај на кризата во која бевме втурнати како држава, криза која донесе поделби, конфликтност и деструкција ќе работиме неуморно на нејзино надминување и во најдобар интерес на граѓаните. Тие сакаат, очекуваат и заслужуваат сите пречки и блокади кои СДСМ ги посавуваше изминатите две години да завршат и да бидат надминати.

kolaicija-jpeg5_-640x267

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top