Вкупно 84.018 туристи ја посетиле Македонија во септември годинава што е за 6,1 отсто повеќе во однос на истиот месец лани, а реализирани се и 197.122 ноќевања што е зголемување за седум проценти.
Како што соопшти Државниот завод за статистика, бројот на домашните туристи е зголемен за 22,7 отсто, а на странските за 0,9, додека бројот на ноќевањата на домашните туристи е зголемен за 21,9 проценти, а на странските за 1,1.
Раст покажуваат и резултатите за првите девет месеци од годинава, од јануари до септември, во однос на истиот период претходната година. Бројот на туристите е зголемен за 4,3 отсто: кај домашните за 4,8, а кај странските за 4. Бројот на ноќевањата, пак, е зголемен за 2,3 отсто: кај домашните туристи за 3,3, а кај странските за 0,8.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.