| четврток, 6 декември 2018 |

Нова бомба на повидок: Заев на тајни преговори во штабот на ВМРО-ДПМНЕ

Зоран Заев, најверојатно, ќе се најде на листата на ВМРО-ДПМНЕ во четвртата изборна единница доколку не се случи ништо чудно и неверојатно. Ова е епилогот на неколкучасовните преговори во штабот на ВМРО-ДПМНЕ на кои лидерот на СДСМ дојде тајно и без придружба, како што дознаваме од извори во владејачката партија.

Преговорите не биле нималку лесни, а Заев се покажал како вистински тврд орев, велат нашите извори. Категорично и одлучно не сакал да отстапи од ниту една од своите позиции, но по неколку часа убедување двете страни дошле до договор. Па, така на СДСМ ќе и’ припадне едно место на листите на ВМРО-ДПМНЕ, и тоа 15. место во четвртата изборна единица.

Со ова и двете страни се задоволни и убедени дека добиваат – Заев сигурен влез во Парламентот, а ВМРО-ДПМНЕ можност да се фокусира на останатите партии кои имаат поднесено листи во Изборната Единица 4.
Влезот на Зоран Заев на листата на ВМРО-ДПМНЕ беше дочекан на нож од дел од незадоволните сопартијци на Заев.

Според Лилјана Поповска, Заев треба џентлменски да и го отстапи местото неа, како што таа го отстапуваше своето кога сеуште постоеше опозиционата коалиција. Софија Куновска е исто така заинтересирана за 15-тото место во четворката бидејќи сакала да биде што подалеку од Радмила Шекеринска.

Ферид Мухиќ смета дека влезот на Заев на листата на ВМРО-ДПМНЕ не е спорен, но Заев требало да се избори во преговорите да му се гарантира независниот став, како што тоа своевремено го сторил Мухиќ со СДСМ. Драгиша Милетиќ веќе започнал да мафта со печатот и да кука „Црни Зоране шта си урадио, па ја ќе ти го мавнев печат ако ти је требао“.

Претставниците на Шарената револуција одржаа прес-конференција на која сооштија дека тие уствари отсекогаш биле фанови на ВМРО-ДПМНЕ, само не знаеле да покажат како. „Кој се тепа, тој се сака“, велат тие давајќи ја својата поддршка за, како што рекоа, независниот интелектуалец и бизнисмен Зоран Заев од Струмица.

Првите новинарски пера на СДСМ Саше Политико и Марјан Доказ го поздравија овој потег на Заев квалификувајќи го како херојски, длабоко промислен и тактички скроз исправен, но не можеа да дадат повеќе детали бидејќи устите им беа полни со белузлава материја.
Кромиди Запад
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

Кромиди Запад

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top