Шакира се разведува со Жерар Пике, тврдат светските медиуми. Според нив, најголемата причина е љубомората на шпанскиот фудбалер, што пејачката, наводно, веќе не можела да ја поднесе.
Шакира требаше да настапува на две доделувања на музички награди, но објави дека поради приватни проблеми нема да може да присуствува и ги откажа настапите.
Debido a motivos que me impiden viajar a Las Vegas /Los Angeles esta vez no podré asistir a la 17 edición de los @LatinGRAMMYs ni los @AMAs
— Shakira (@shakira) November 7, 2016
Менаџерот за односи со јавноста на Шакира засега не ги коментираше озборувањата за разделбата, ниту, пак, причината за откажувањето на настапите. Шакира, која важи за голем професионалец, ваков потег никогаш не направила, коментираат трач-блоговите.
Меѓу другото, се наведува дека разделбата е поради љубомората на Пике, поради која Шакира решила да му стави крај на заедничкиот живот.
Двојката веќе месеци не е забележана заедно во јавност, а на социјалните мрежи одамна немаат објавено заедничка фотографија, нешто по што беа познати.
Шакира и Пике се запознаа за време на Светското првенство во фудбал во Јужна Африка во 2010 година. Тие не се во брак, но имаат два сина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Се зборуваше дека се заедно: Надал снимен како танцува на концертот на омилената пејачка (Видео)
-
Се исплаши од затвор: Шакира плати огромна сума пари на шпанските власти
-
Шакира ќе оди во затвор – сокрила милиони евра во аферата „Рајски документи“
-
Шакира ја одложи турнеата до јуни: Состојбата е многу посериозна, нејзините гласни жици се уште крварат