Природата постојано ни покажува дека сериозно се нарушени климатските услови на Земјата. Глобалното затоплување, но и штетата што ја прават луѓето со забрзаната индустријализација, се причина за појава на климатски феномени низ светот. Сега во Сибир се појавија џиновски снежни топки.
Жителите на селцето Најда близу заливот Оба во својот округ пронашле непрегледно мноштво тркалезни снежни топки. Засега никој не успеал да го објасни овој редок феномен, а постарите жители тврдат дека досега не се појавило ништо слично. Топките се со различни димензии, од тие со пречник на тениска топка до тие со големина на топка за пилатес, но тоа што најмногу зачудува се нивните речиси совршени пропорции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.