| четврток, 6 декември 2018 |

ДУИ ги утврди листите на кандидати за пратеници, Ахмети носител во „шестката“

Генералниот совет на Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска го усвои предлогот на Централното претседателство за листата на кандидати за пратеници за претстојните парламентарни избори.

Лидерот на партијата Али Ахмети ќе биде носител на кандидатската листа во шестата изборна единица (ИЕ). Во првата ИЕ е носител Артан Груби, а во втората Ејуп Халими. Во третата ИЕ е носител Нафи Дурмиши, во четвртата Артин Спахиу, во петтата Агим Шаќири, а во шестката Али Ахмети.

Како што соопштуваат од ДУИ, Ахмети ја поздравил одлуката на советот и изразил уверување дека кандидатите ќе дадат придонес за време на кампањата и како членови на следниот состав на Парламентот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top