| четврток, 6 декември 2018 |

Гризман се додворува: Сакам да играм со Погба на клупско ниво

grizman-i-pogba

Антоан Гризман е одличен во дресот на Атлетико Мадрид, но постои веројатност тој да го напушти клубот порано од предвиденото. Францускиот репрезентативец има договор со „јорганџиите“ до 2021 година и во минатото најавуваше како е среќен таму каде што е, но во последно време тој не ја отфрла можноста да си замине уште во зимскиот преоден рок.

Гризман често го прашува Пол Погба како е ситуацијата во Манчестер јунајтед, помеѓу клупските колеги што само ги зголеми гласините дека тој мнгоу скоро ќе го облече дресот на „црвените ѓаволи“.

– Да постојано го прашувам Погба за тоа како е во Јунајтед бидејќи го сметам за клуб со одлична инфраструктура. Најчесто прашувам дали играчите се навистина толку добри или дали Мурињо е толку добар. Постојано слушам и приказни за мене како ќе потпишам за Јунајтед или ПСЖ. Во моментов сум среќен каде што сум, но би било одлично да се игра покрај Погба на клупско ниво – истакна Гризман.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top