За разлика од останатите, во овој затвор никогаш нема галама, нема гужва, а затворениците никогаш не се движат слободно низ ходниците. Тука 23 часа од денот осуденикот ги минува во својата ќелија. Овој затвор не нуди апсолутно никаква рехабилитација, туку само сурово издржување на казна.
Затворот се вика “АDX Florence”, сместен е во сојузната американска држава Колорадо. На стотина километри околу него нема ниту едно населено место. Таму лежат најопасните криминалци во САД и од него до сега никој не избегал.
Познат како “Алкатраз во Карпестите Планини”, а “АDX Florence” е место каде голем број од затворениците го завршуваат својот живот. Се верува дека ова е најсигурниот затвор на светот.
Неговата внатрешност и начин на функционирање отсекогаш биле чувани во тајност. Во последниве десетина години на ниту еден медиум, освен две-три кратки посети на новинари кои имале разговори со затворениците, не му бил дозволен пристатап во затворот. Од сите затвори во Америка, во овој затворениците најмногу ги контролираат.
Осудениците кои тука завршиле, деновите ги минуваат во самици кои имаат површина 3 х 2 метри, дебели бетонски ѕидови и двојни метални врати. Во сите соби има по едно мало прозорче широко само 8 сантиметри низ кое затворениците можат само да видат мало парче од небото. Во собата има комбинацијата од лавабо, ВЦ шоља и туш, а затворениците имаат кревети од бетон.
Инаку, затворот се простира на површина од 35 хектари и нормално, покрај многуте безбедносни препреки, е опколен со висока бодликава жица. Секое недозволено движење се детектира со помош на ласери, а во земјата има вградени плочи кои можат да го отфрал затвореникот ако стапне на нив при бегство. Во дворот на “АDX Florence” има и дресирани кучиња, па заради комбинацијата од многуте безбедносни мерки, досега никој од оваа казнена установа нема избегано.
– За разлика од другите затвори тука нема галама, нема гужва, и затворениците не шетаат по ходниците. 23 часа од денот се во своите ќелии, а од нивните прозорчиња не можат да ги видат ниту планините кои се во близина на затворот. Тој не е направен за никаква рехабилитација, туку за издржување на мачна казна, изјавил поранешниот ушправник на затворот Роберт Хут.
Тој “АDX Florence” го опишал како “исполирана и исчистена верзија на пеколот”. Таму, секој затвореник добива издание од магазинот “УСА Тудеј” во кој се оставени само одредени селектирани текстови. Дозволено им е на затворениците да играат бинго, но на еден посебен начин, односно играат сами со себе. Сепак, за оние кои ќе се однесуваат најдобро има награди како 5 часа телефонски разговор во еден месец.
Капацитето на затворот е 500 луѓе кои се распоредени во 8 единици. Во една од единиците се сместени голем број на исламски терористи меѓу кои има затвореници осудени за нападот на Кулите близначки. Во друа единица пак се сместени американските терористи како Ерик Родолф кој со години праќал писма-бобмби. Во “АDX Florence” се наоѓа и Мајкл Сванго, докторот кој отрул свои 60 пациенти како и поранешниот мафијашки бос Винсент Баскијано.
Многумина кои почнале во “АDX Florence” да служат казна, по минатото време едноставно “одлепувале”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Затвореник починал на Ургентен, му се слошило во „Идризово“
-
Скандал во Идризово: Повеќе од два месеца нема лекови во затворот
-
Во 12.500 пораки го опишале одвратното злоставување на бебе и 5 годишно девојче: Мајката и љубовникот осудени на 50 години затвор
-
Приведените борци на ИСИС, МВР ги превзела на скопскиот аеродром