Седуммината борци на ИСИС по потекло од Македонија кои вчера МВР ги приведе, биле лишени од слобода на Меѓународниот аеродромот-Скопје.
Од МВР за МИА појаснуваат дека терористите, за кои имаше потерница, биле донесени со авион со логистичка поддршка на САД и биле предадени на Министерството за внатрешни работи.
-Моментот на нивно лишување од слобода настапува по потврдувањето на нивниот идентитет, а тоа се случи на аеродрoмот во Скопје – изјавија од МВР за МИА.
Партнерите од Глобалната коалиција за борба против тероризмот и Сириските Демократски Сили, седуммината македонски државјани ги уапсила во Сирија, под основани сомненија дека како странски терористички борци активно учествувале во војните во Сирија и Ирак.
Во текот на денот имаше реакции на опозициските политички партии на информациите што од МВР излегоа во врска со овој случај во текот на вчерашниот ден и особено по денешните написи во американските медиуми за местото на нивното приведување.
Станува збор за македонските државјани С.Р. 1990, Џ.А. 1993, Б.Ф. 1994, О.Ж. 1987, Е.О 1994, И.Ш. 1977, А.М. 1995, за кои е распишана меѓународна потерница и за кои според член 322а и 394а од Кривичниот законик на Република Македонија се поднесени кривични пријави во рамки на полициските акции „Ќелија 1“ (август 2015) и „Ќелија 2“ (јули 2016).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Затворскиот цимер на Игор Рамбо открива: Правеше по 5000 стомачни на ден, може живи да ве одере
-
Косово со најголем број борци на ИД меѓу сите балкански држави
-
„Алкатраз во Карпестите Планини“: Од овој затвор никој не избегал, ниту ќе избега
-
Нова акција: Од Скопје и Куманово оделе во Сирија да војуваат за терористите на ИСИЛ