| четврток, 6 декември 2018 |

Дедо отепал куче што му ги јадело патките, а потоа и еден автомобил

m48 karabin

79-годишен охриѓанец предизвикал општа опасност откако го грабнал ловечкиот карабин на син му и почнал да пука по едно куче кое му ги јадело патките во дворот.

СВР Охрид јави дека поднежле кривична пријава против Ц.Ч.(79) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело предизвикување општа опасност.

Дедото на крајот од минатиот месец со ловен карабин испукал два куршуми при што усмртил едно куче а со еден истрел предизвикал оштетување на патничко моторно возило марка „пежо“.

Тој забележал дека во куќниот двор кучето му ги јаде патките, влегол во куќата на неговиот син и без негово знаење ја зел неговата пушка ловен карабин испукал два куршуми погодувајќи го најнапред возилото во близина на резервоарот за гориво а потоа го усмртил кучето по што го фрлил во блиската река.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top