| четврток, 6 декември 2018 |

Словенија слави: Наша Меланија стигна до Белата куќа (ФОТО)

Во Севнице, Словенија, родното место на Меланија Трамп, се славеше победата на нејзиниот сопруг за претседател на САД. Најеуфорично било во кафулето „Централ“, каде уште од 4 часот наутро се следел текот на изборните резултати. Присутните биле горди што „нивната Меланиј“ стигнала до Белата куќа.

ba64eb8b66c3bd7c3822

Во граtчето сите сметаат дека нивната сограѓанка ќе ги прослави. Туризмот ќе процвета, а Севница ќе се појави на светската мапа, сметаат жителите на малото место на стотина километри од Љубљана.

– Победата на Доналд трамп ќе има големо значење за Севница, за нејзината популарност во светот – изјави градоначалникот Среќко Оцвирк, кој не ја крие радоста и во раните утрински часови заедно со мештаните го следеше исходот од американските избори.

И премиерот на Словенија, Миро Церар, преку „Твитер“ го истакна словенечкото потекло на Меланија, честитајќи му ја победата на Трамп.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top