| четврток, 6 декември 2018 |

Сопруг ја попарил сопругата со врела вода

nasilstvo vrz zena

Гневен сопруг од Тетово се нафрлил на сопругата фрлајќи со предметио по неа, а на крај ја попарил со жешка вода

Тетовската полиција поднела кривична пријава против М.А.(37) од Тетово за кривично дело загрозување на сигурноста при семејно насилство.

Тој во април годинава започнал расправија со неговата сопруга А.А.(33), а потоа почнал да фрла разни предмети по неа и со врела вода ја полил, нанесувајќи и телесни повреди во пределот на раката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top