| четврток, 6 декември 2018 |

СЕХА-Лига: Металург го декласираше Извиѓач

Ракометарите на Металург го декласираа босанскиот првак Извиѓач победувајќи ги со 36-23 (18-11) во натпревар од 8. коло од регионалната СЕХА- Лига.

Одлично функционираа и одбраната и нападот на Металург, кои од минута во минута градеа резултатска предност над гостинскиот состав, користејќи ги сите нивни слабости и грешки.

Вечерашниот дуел со Извиѓач беше одлично загревање за подигнување на самодовербата и борбениот дух на младите металурзи на Лино Червар, кои за два дена ги очекува дуел со најсилниот состав од групата Ц во Лигата на шампиони, француски Монпелје.

Никола Костески со шест погодоци беше најефикасен во составот на Металург, а по пет пати на листата на стрелци се запишаа Вања Илиќ и Немања Обрадовиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top