Пред неколку недели Металург замина во Франција со надеж дека може да му парира на Монпелје, но крајниот резултат го покажа спротивното. Младите играчи на македонскиот вицешампион само четвртина од натпреварот покажаа добра игра, на крајот загубија со убедливи 28-18. В четврток, Лино Червар ќе добие нова шанса да ги разигра своите ракометари и да му се одмазди на францускиот клуб за поразот.
– Монеплје е клуб со огромна традиција, беа и прваци на Европа и на Франција. Во моментов се на врвот во Франција и играат на високо ниво. Она што треба да се истакне е дека Монпелје е екипа која има повеќе домашни репрезентативци, а добро знаеме каква репрезентација е Франција. Репрезентативците на Словенија и Литванија се одлично вклопени покрај младите и искусните играчи во ростерот со кој располага Монпелје. Тоа е клуб кој секогаш цели кон високите места на натпреварувањата. Морам да кажам дека знаеме каков тим ни доаѓа на гости. Сигурни сме дека амбициите им се самиот врв. Ова е огромен предизвик за нашата млада екипа, да им пружиме силен отпор доколку бидеме претпазливи. Првото решение за одбраната секогаш им е 6-0 поради високите играчи во средината, а одлични се и во зоната 5-1. Не смееме да им ги разиграме крилата па да примиме лесни голови. Секој играч мора сто проценти да е концентриран. Домашниот терен сигурно ќе ни биде предност. Дома ја добивме Ла Риоха. Знаете кога очекувате малку, малку и добивате. Мора да го извлечеме максимумот од себе и да бидеме рамноправен противник“ – вели Червар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.