На неколку локации во централното градско подрачје на Прага од вчера до 19 мај се одржува 19-тиот Интернационален Саем на книга и Литературен фестивал на кој ќе се дискутира на темите „Разновидноста во поезијата“, „Книги што не можеме да ги оставиме“ и „Блогерот како автор, авторот како блогер“. Двата книжевни настани се одржуваат под покровителство на Министерството за култура на Република Чешка и Градоначалникот на Прага.
Македонски автори кои ќе се претстават на книжевните манифестации во Прага се Гоце Смилевски и Фросина Наумовска. Авторката Фросина Наумовска на 15 мај во 21 часот ќе се претстави со своја проза и поезија во програмата „Автори кој пишуваат на странски јазик, а живеат во Прага“. Таа ќе ја најави и својата прва книга преведена на чешки јазик, психолошкиот роман „Ниска латентна револуција“, додека на 17 мај во 13 часот во изложбената програма Гоце Смилевски ќе го потпишува бестселерот „Сестрата на Зигмунд Фројд“ преведен на чешки јазик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



