| четврток, 6 декември 2018 |

Хаос во Прага: Чешката полиција почна истрага за инцидентот (видео)

Чешката полиција започна истрага за инцидентот кога чуварите и поддржувачите на чешкиот претседател Милош Земан во изборниот штаб ги нападнале новинарите.

Акредитирани новинари со тупаници  беа нападнати, турната и оштетена камерата на чешката приватна телевизија ТВ Нова и вулгарно се навредувани новинарите.

Нападот на новинарите од страна на чуварите на Земан се одиграл во хотелот ТОП во Прага, каде во изборниот штаб се славела победата на претседателот Земан во вториот круг претседателски избори, кога Земан веќе си отишол.

Новинарите сакале да го снимаат доаѓањето на брзата помош за еден од гостите на Земан во штабот на кого му се слошило или мртов пијан паднал со шише пиво во раката.

На тоа реагирале чуварите на штабот на Земан, простачки започнале да ги буткаат и туркаат новинарите за да го затворат тој дел од салата, еден од чуварите ја турнал на земја ТВ камерата, а на помош побрза и еден од гостите на Земан со иста жолта новинарска пропусница и го нападна со тупаници едниот од новинарите кој објаснувал дека тие само ја вршат својата работа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top