| четврток, 6 декември 2018 |

Во Прага забрането возење сегвеј

Наскоро стапува во сила забраната за возење сегвеј, електричен скутер на две тркала, на подрачјето на историскиот центар на Прага и во другите делови од главниот град на Чешка.

Гладските власти на Прага наредија поставување 610 знаци за предупредување во „зоните без сегвеј“, а веднаш по нивното поставување, невнимателните возачи на електрични скутери ќе мораат да платат казна во износ од две илјади круни (78 евра).

Жителите на Прага се пожалија до градските власти заради големиот број туристи кои возат сегвеј по тротоарите и по тесните улици во главниот град.

Забраната беше донесена во јули, а компаниите што  се занимаваат со изнајмување на популарните скутери наведуват дека локалните власти не ги усвоиле нивните приговори пред усвојувањето на ваквата одлука.

Се очекува забраната за возење сегвеј низ целиот центар на Прага да стапи во сила на 10 декември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top