| четврток, 6 декември 2018 |

Толку од „новиот концепт“: Убеден во поразот, Заев си обезбедува пратеничко место и имунитет

Заев убеден во поразот, си обезбедува пратеничко место и имунитет!

Зоран по кој знае кој пат повторно го демантираше Заев. Претседателот на СДСМ Зоран Заев, убеден во силниот пораз кој го очекува на престојните предвремени парламентари избори закажани за 11 декември, одлучи да го напушти таканаречениот „нов концепт“ што бомбастично го промовираше на предвремените парламентарни избори во 2014 година и да се кандидара за пратеник и за себе да си обезбеди сигурно пратеничко место и пратенички имунитет.

Пред само две години на предвремените парламентарни избори, Зоран Заев и тогашното највисоко партиско раководство, што го сочинуваа и Радмила Шекеринска, Стево Пендаровски и Фросина Ременски, помпезно го претставија таканаречениот Нов партиски концепт и стратегија, кој предвидуваше тие да не се кандидараат за пратеници, наводно убедени дека ќе бидат дел од следната извршна власт која ќе добие мандат да ја состави идната влада во Република Македонија.

zaev-izjava

Непосредно пред предвремените парламентарни избори во 2014 година убеден во победата на СДСМ, Зоран Заев изјави:

-Новите принципи кои денеска ги наметна СДСМ, апсолутно се надевам дека предизвикуваат посебно внимание во јавноста. За да бидеме на чисто, овој нов концепт во кој раковдството на партијата не е на самите листи, ја испраќа недвосмислено јасната порака. Нашата убеденост е дека Зоран Заев и највисокиот дел на раковдството на СДСМ се основата на тимот кој што ќе ја созададе новата влада на Република Македонија, истакна Зоран Заев во 2014 година.

zaev-fb-status

Оттука останува дилемата во јавноста, зошто и каде исчезнаа убеденоста и сигурноста на Зоран Заев и СДСМ во победата на престојните парламентарни избори како што беше случајот и во 2014 година кога не се кандидираа за пратеници и очекуваа тие да бидат победници на тогашните парламентари избори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top