Најдобриот британски тенисер, Енди Мареј без борба стигна до финале во Париз и до првото место на АТП листата, откако неговиот противник во денешното полуфинале Милош Раониќ го предаде мечот.
Со овој пласман во финалето на Мастерсот во Париз, по 122 седмици од тронот на машкиот тенис е симнат Новак Ѓоковиќ и од понеделник таа улога ќе му ја пропушти на Енди Мареј.
Ривал на Шкотот во финалето ќе му биде Џон Иснер од Америка кој во првиот полуфинален натпревар беше поуспешен од Хрватот Марин Чилиќ со 6-4, 6-3.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.