| четврток, 6 декември 2018 |

Лазаров: Што да се каже, потфрливме во сите аспекти на играта

lazarov

Големо е разочарувањето во редовите на македонската репрезентација по новото бледо издание на гостувањето против Чешка, овојпат изразено со седум гола разлика (35-28). Кире Лазаров заедно со Манасков беше најефикасниот во нашите редови со осум погодоци, премалку за да се поправи очајниот впечаток што целокупно го остави македонскиот национален тим.

– Нема што да се каже, одигравме разочарувачки, потфрливме во сите аспекти на играта, напад, одбрана, голмани… По којзнае којпат играме во Чешка и секогаш се случува истото, домаќините тргнуваат фуриозно и создаваат добра предност од самиот почеток. Знаевме што не очекува, но очигледно е дека не ја научивме лекцијата и му дозволивме на противникот да доминира и да стигне до посакуваната убедлива победа. Знам дека сега сме разочарани, но сметам дека треба да се остави страстите да стивнат пред да се повлечат конкретни потези. Ние сме во фаза на промени во репрезентацијата, а тие промени не се реализираат лесно кога се има само по неколку дена за подготовки и за корекции. Свесни сме дека денеска одигравме далеку под своите можности, но верувам дека оваа репрезентација поседува потенцијал што ќе го покаже во иднина, почнувајќи од следното Светско Првенство – изјави Лазаров по денешниот пораз.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top