Во најавата и во текот на ракометниот меч Чешка – Македонија што се игра во рамки на квалификациите за Европското првенство во 2018 година Чешката ракометна федерација го користи исклучиво името Македонија, јавува дописникот на МИА од Плзен.
И покрај тоа што Чесите во последните години во неколку наврати во директен дуел со Македонија загубија мечеви кои одлучуваа за пласман на светски и европски шампионати, домаќините се коректни во најавата за мечот.
Сите домашни медиуми, официјалниот спикер во салата во Плзен каде што се игра мечот и во во рекламите за мечот никаде не се користи кратенката ФИРОМ туку се употребува исклучиво Македонија.
По првото полувреме мечот во френетична стмосфера пред околу 3.000 гледачи Македонија губи со 18 спрема 12
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.