Голдент стејт вориорс неочекувано загуби на гостувањето против ЛА лејкерс со 117-97, но уште пошокантно од самиот резултат делува очајниот настап на Стеф Кари, кој имаше шут за тројка 0/10.
Со тоа беше ставен крај на рекордната серија на асот на „воиниите“ од 157 натпревари на кои тој постигнал најмалку по една тројка. Кари во февруари го урна рекордот на Кајл Корвер од Атланта со 127 тројки, но синоќа никако не можеше да влезе во ритам против лејкерси, кои знаеја како да го запрат не само него, туку и целокупниот тим на Голден стејт.
Ова е првпат во неговата кариера Кари да промаши десет тројки без притоа да погоди ниту една. Последниот пат кога тој не погоди удар од далечина беше на 11 ноември 2014 година, кога шутираше 0/7 против Сан Антонио спарс.
Дерик Роуз се врати во Чикаго, овојпат како член на Њујорк и ги предводеше никси до триумф над својот поранешен клуб со 104-117. Порзингис беше најефикасен со 27 поени, додека Роуз го заврши мечот со дабл-дабл од 15 поени и 11 асистенции.
Сан Антонио се реваншираше на Јута за поразот на домашен терен пред неколку дена, триумфирајќи со резултат 86-100 во Солт лејк сити. Јута поведе со 10-2, но потоа Крег Попович зеде тајмаут по кој следеше серија од 29-7 на „спарси“, кои до крајот не дозволија никакво изненадување.
НБА резултати:
ЛА лејкерс – Голден стејт 117-97, Јута – Сан Антонио 86-100, Далас – Портланд 95-105, Чикаго – Њујорк 104-117, Торонто – Мајами 96-87, Бруклин – Шарлот 95-99, Мемфис – ЛА клуперс 88-99, Вашингтон – Атлана 95-92.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.