| четврток, 6 декември 2018 |

Жена со нож нападна деца во градинка во Њујорк

Во напад со нож во њујоршкиот кварт Квинс, ранети се повеќе лица во приватна градинка, а меѓу повредените има и деца, пренесуваат локалните медиуми.

Инцидентот се случил рано наутро, во дом кој бил регистриран како дневен центар за деца. Според некои информации, во нападот се повредени пет лица, од кои три се деца. Едно девојче е во критична состојба. За останатите се верува дека не претрпеле повреди опасни по живот.

За нападот е осомничена 52-годишна жена, кој била пронајдена во подрумот на куќата, со рани од нож кои самата си ги нанела по рацете.

Таа била однесена во болница и е под полициски надзор. Нејзината состојба е стабилна, но засега не е познат мотивот за нападот, се вели во информацијата од локалните медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top