Португалскиот стратег Андре Вилјаш Боаш потпиша договор со кинескиот прволигаш Шангај СИПГ и се враќа на тренерскиот занает по пауза од десет месеци. Тој во јануари оваа година остана без ангажман откако се раздели со рускиот клуб Зенит.
Португалецот на клупата на Шангај СИПГ ќе го замени Свен Горан Ериксон, кој доби отказ по серијата слаби резултати на тимот и третата позиција на крајот од шампионатот. Во овој тим, Вилјаш Боаш повторно ќе соработува со Бразилецот Хулк, на кого му беше тренер и во Зенит, а се пресели во Кина за сума од 55 милиони евра.
Андре Вилјаш Боаш како тренер на Шангај СИПГ ќе заработува 11 милиони фунти по сезона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.