Денеска, 4 ноември, со почеток во 18 часот ќе биде отворена изложбата „Имагинариум“ во Грејовата школа за уметност на Универзитетот „Роберт Гордон“ во Абердин, Шкотска. Изложбата содржи видеа од македонски уметници направени во последната деценија. Ова е досега најголемата изложба посветена на современата македонска уметност во Велика Британија.
На отворањето ќе има и промоција на книгата на д-р Џон Блеквуд, „Критичка уметност во современа Македонија“, издадена од Мала Галерија со поддршка на Карнеги фонд за универзитетите во Шкотска и Универзитетот „Роберт Гордон“ во Абердин.
Кустос на изложбата е д-р Џон Блеквуд, а од македонските уметници учествуваат Дарко Алексовски, Христина Ивановска, Владимир Јанчевски, Ѓорѓе Јовановиќ, Маја Кировска, Верица Ковачевска, Наташа Неделкова, ОПА, Нада Прља, Александар Спасоски, Игор Тошевски, Никола Узуновски и Јане Чаловски.
Изложбата ќе биде поставена до 18 ноември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.