Рускиот претседател Владимир Путин на состанокот на Советот за меѓунационални односи остро ја критикуваше европската политика кон мигрантите, а како една од причините зошто на таквата политика не треба да се придржуваат го наведува случајот со силувањето на десетгодишното момче на базен во Австрија.
#Putin: Overturning a migrant’s conviction of child rape in Austria is a result of Europe’s diluting traditional values & identities (SUBS). pic.twitter.com/LXGL1AYr4G
— Nina 🐻 Byzantina (@NinaByzantina) November 3, 2016
Рускиот претседател изјавил дека овој случај го отсликува „разредувањето на националните вредности“ на Австрија, и додаде дека „земја која што не може да ги одбрани децата нема иднина“.
Случајот за кој Путин зборуваше се случил на 2 декември минатата година, кога мигрант од Ирак идентификуван како Амир А., на базен во Виена силувал момче од српско потекло.
Силувач своето гнасно дело пред полицијата го оправдал со тоа што „имал голема потреба, бидејќи неколку месеци немал сексуални односи“.
Првично Амир бил осуден на шест години затвор, но судот ја поништи пресудата врз основа на тоа што тој не можел да го разбере момчето дека не сака да има односи со него.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.