| четврток, 6 декември 2018 |

Два големи удари за Мурињо вечерва – Јунајтед срушен, Погба надвор од терен

Екипата на Фенербахче се радуваше на триумф против англискиот гигант Манчестер Јунајтед во дерби натпреварот од 4.коло во фудбалската Лига Европа.

 

На средбата одиграна во Истанбул, во рамките од А групата Фенербахче го победи Манчестер Јунајтед со со 2-1.

Поразот од турскиот прволигаш не беше единствениот удар за Жозе Мурињо вечерва, бидејќи после половина час игра, поради повреда теренот мораше да го напушти најскапиот фудбалер на светот По Погба.

Составот на Зенит ја оствари и четвртата победа совладувајќи го Дандлок, со што тимот од Санкт Петерсбург е обезбеди пласман во нокаутфазата напоролет.

Резултати од натпревари кои се играа во терминот од 19 часот:

А група: Зорја Луханск – Феенорд 1-1 и Фенербахче – Манчестер Јунајтед 2-1.

Б група: Локомотив Астана – Олимпијакос 1-1 и АПОЕЛ Никозија – Јанг Бојс 1-0

Ц група: Кабала – Сент Етијен 1-2 и Андерлехт – Мајнц 3-1

Д група: Зенит Ст.Петерсбург – Дандолк 2-1 и Макаби Тел Авив – АЗ Алкмар 0-0.

Е група: Австрија Виена – Рома 1-4 и Астра – Викторија Плзењ 1-1.

Ф група: Сасуоло – Рапид Виена 2-0 и Атлетик Билбао – Генк 1-1.

Натпреварите од другите шест групи се играат вечерва.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top