| четврток, 6 декември 2018 |

Амбасадата на Замунда: Ќе му го држиме чадорот на Заев на митинзи

Ам­ба­са­да на Ре­пуб­ли­ка За­мун­да во Ма­ке­до­ни­ја пре­ку офи­ци­јал­но со­оп­ште­ние из­ја­ви де­ка не­ма да учес­тву­ва со сво­ја кан­ди­дат­ска ли­ста на пар­ла­мен­тар­ни­те из­бо­ри за­ка­жа­ни за 11 де­кем­ври, ту­ку де­ка пла­ни­ра ху­ма­на ак­ци­ја за про­мо­ци­ја на европ­ски­те вред­но­сти, ко­ја не­ма ни­ка­ква вр­ска со по­ли­ти­ка.

Во со­оп­ште­ни­е­то пот­пи­ша­но од но­ви­от ам­ба­са­дор на За­мун­да во Ма­ке­до­ни­ја, Сар­го Нумп­си, стои:

„По долг пер­и­од на ин­тен­зив­но, ис­црп­но ана­ли­зи­ра­ње и раз­мис­лу­ва­ње, од­лу­чив­ме де­ка на­ша­та ам­ба­са­да во Ма­ке­до­ни­ја, се­пак, не­ма да под­не­се сво­ја кан­ди­дат­ска ли­ста на из­бо­ри­те за на­род­ни пра­те­ни­ци во де­кем­ври 2016 го­ди­на. Ам­ба­са­да­та има пред­вид де­ка нај­до­бро ед­на зем­ја се упра­ву­ва до­кол­ку ди­рект­но се зе­ме под свое за­ко­но­дав­на­та и из­врш­на­та власт, ме­ѓу­тоа тоа не е ра­бо­та­та на ед­на ам­ба­са­да, не­ли, океј? Плус, за тоа во Ма­ке­до­ни­ја не­ма ни­ка­ква по­тре­ба би­деј­ќи ка­ко што ни ка­жаа ко­ле­ги­те ам­ба­са­до­ри од за­пад­ни­те зем­ји, на ли­сти­те на не­кои пар­тии има топ, бон­бо­на кан­ди­да­ти со ши­ро­ко ср­це и до­бар слух за на­ши­те при­ја­тел­ски су­ге­стии и мол­би“.

Тој до­да­ва: „На­ше­то ди­рект­но учес­тво на из­бо­ри­те пре­ку ли­ста со кан­ди­да­ти за пра­те­ни­ци не­ма да го има, и тоа е де­фи­ни­тив­но, но тоа не зна­чи де­ка не­ма да го за­др­жи­ме пра­во­то да пра­ви­ме спон­та­ни ху­ма­ни ак­ции кои ни­ка­ко не­ма да вли­ја­ат на де­мо­крат­ски­те про­це­си во зем­ја­та и на ре­зул­та­тот на из­бо­ри­те. Што впро­чем ни­ко­гаш не ни би­ло на­ша опре­дел­ба, да вли­ја­е­ме на по­ли­тич­ка­та сце­на. Пу пу скра­ја“, ре­че ам­ба­са­до­рот Нумп­си лес­но поп­лу­ку­вај­ќи и до­да­де: „На­про­тив, ние се­ко­гаш сме би­ле за­ин­те­ре­си­ра­ни стро­го за про­мо­ви­ра­ње на европ­ски­те вред­но­сти, а Евро­па пра­ќа по­ра­ки на ху­ма­ност и ја про­мо­ви­ра чо­веч­но­ста. Ток­му за­тоа ре­шив­ме да спро­ве­де­ме ху­ма­на кам­па­ња“.

„Ху­ма­на­та кам­па­ња ко­ја Ам­ба­са­да­та на За­мун­да ќе ја спро­ве­ду­ва за вре­ме на пре­диз­бор­на­та кам­па­ња ќе се ви­ка „По­др­жи им го ча­до­рот за да не на­сти­нат“ и ќе има за цел на ми­тин­зи­те на кои ќе вр­не дожд, на­ши прет­став­ни­ци да им др­жат ча­до­ри над гла­ви­те на двај­ца по­ли­ти­ча­ри од Ма­ке­до­ни­ја кои слу­чај­но ис­пад­наа да се За­ев и Ве­ру­шев­ски. Цел­та на ак­ци­ја­та е За­мун­да да по­ка­же де­ка се гри­жи за здрав­је­то и ими­џот на по­ли­ти­ча­ри­те во Ма­ке­до­ни­ја и ќе сто­ри сѐ за да по­ка­же ка­ко тре­ба да се вни­ма­ва да не им се на­ква­сат гла­ви­те и да на­сти­нат, а во­ед­но и да има­ат ло­ши фри­зу­ри, па да изг­ле­да­ат ло­шо. Плус, до­кол­ку на­сти­нат, ќе збо­ру­ва­ат „на нос“ и тоа до­пол­ни­тел­но ќе го отеж­ни нив­но­то пра­ќа­ње по­ли­тич­ки по­ра­ки за вре­ме на ми­тин­зи­те“, об­ја­ви ам­ба­са­до­рот.

Тој по­со­чи де­ка За­ев и Ве­ру­шев­ски се из­бра­ни во окол­но­сти на не­ве­ро­јат­на слу­чај­ност:

„На­ша иде­ја бе­ше на кој би­ло ЕДЕН по­ли­ти­чар во Ма­ке­до­ни­ја да му др­жи­ме ча­дор на ми­тин­зи за да пра­ти­ме по­ра­ка де­ка Евро­па се гри­жи за здрав­је­то на Ма­ке­дон­ци­те и за здра­ва­та по­ли­тич­ка сце­на. Зна­чи, бу­квал­но на кој би­ло по­ли­ти­чар, мо­же­ше тоа да е кој би­ло пра­те­ник, ми­ни­стер, ди­ре­ктор… Но, за да е фер, на­пра­вив­ме ло­та­ри­ја ко­ја се одр­жа во мо­јот ка­би­нет и бев при­су­тен јас и ста­ри­от ам­ба­са­дор Кло­ша­ро Гре­ви­ли. И од си­те, ама зна­чи од си­те ими­ња на по­ли­ти­ча­ри од Ма­ке­до­ни­ја, мис­лам де­ка беа око­лу 1760, ете со­се­ма слу­чај­но та­ка ис­пад­на да се изв­ле­че ед­но лив­че, кое, всуш­ност, на се­бе има­ше ка­ко за­ле­пе­но уште ед­но лив­че“, воз­бу­де­но ја рас­ка­жу­ва адре­на­лин­ска­та си­ту­а­ци­ја во ко­ја се слу­чил овој не­се­којд­не­вен слу­ча­ен ло­та­ри­ја из­бор на по­ли­ти­ча­ри за под ча­до­рот на за­мун­дан­ци­те.

„За­мис­ле­те, тоа беа лив­чи­ња­та на Зо­ран За­ев и на Зо­ран Ве­ру­шев­ски. Ка­ко се за­ле­пи­ле ток­му тие лив­чи­ња, та­ка слу­чај­но и ма­гич­но, не зна­е­ме, но би­деј­ќи имав­ме сре­ќа да се обај­ца­та од иста пар­ти­ја и да одат на исти ми­тин­зи, од­лу­чив­ме да го при­фа­ти­ме овој не­се­којд­не­вен ре­зул­тат би­деј­ќи ќе по­ми­не­ме со еден ча­дор за две гла­ви“, ве­ли ам­ба­са­до­рот.

„Не­ве­ро­јат­но е ка­ква сре­ќа имаа овие двај­ца гос­по­да кои јас лич­но ду­ри и не ги ни поз­на­вам, ду­ри не ни зна­ев­ме ни­кој од нас во ам­ба­са­да­та, не зна­е­ше ни ста­ри­от ам­ба­са­дор, кои се овие Зо­ра­ни ко­га беа изв­ле­че­ни нив­ни­те ими­ња. Се чу­дев­ме, па пос­ле доз­нав­ме кои се и со што кон­крет­но се за­ни­ма­ва­ат. Фи­ни, га­лант­ни гос­по­да. Јас са­кам во­ед­но да им че­сти­там, да им по­са­кам сре­ќа во кам­па­ња­та на из­бо­ри­те, на­ши­от ча­дор ќе ги сле­ди без проб­лем“, ве­ли на кра­јот на сво­ја­та из­ја­ва ам­ба­са­до­рот на За­мун­да.

Кромиди Запад
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

Кромиди Запад

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top