Поранешниот капитен на Палермо, Фабрицио Миколи говореше за моменталната ситуација на екипата, а посебно го истакна нашиот Илија Несторовски. Македонскиот напаѓач доби споредба со големиот Филипо Инзаги, еден од најдобрите напаѓачи во историјата на Серија А.
– Колку што можам да заклучам од досегашните игри, тој е сличен на Инзаги. Има одлично чувство за гол и затоа мора добро да биде пронајден во шеснаесетникот. Овој аспект за напаѓачи како него е многу важен. Доколку ги добие потребните топки, Несторовски ќе даде многу за овој Палермо – изјави 37-годишниот Миколи.
Италијанскиот напаѓач помина добри шест години во екипата на Палермо, за која одигра 165 официјални натпревари и постигна 74 гола. Овие зборови од легендата на екипата би можеле да донесат дополнителна мотивација кај нашиот Несторовски, кој е водечка сила на сицилијанската екипа во лошиот старт на сезоната.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Палермо е главен град на културата 2018: До крајот на годината ќе биде домаќин на специјални настани и изложби
-
Бајано: Несторовски не треба да биде опседнат со давање голови
-
„Газета дело Спорт“ со сторија за Македонецот: Несторовски е главен лик во Палермо, душата на тимот
-
Трајковски и Несторовски со Палермо на првото место на полусезоната во Серија Б