Изненадувачка вест доаѓа од Германија откако беше обелоденетео дека Борусија Дортмунд му врачила клупска суспензија на својот најдобар фудбалер Пјер Емерик Обамејанг. Интернационалецот од Габон не се појави во тимот на вечерашниот натпревар со Спортинг, а претседателот Ханс Јоаким Вацке обелодени дека Обамејанг е суспендиран по одлука на тренерот Томас Тухел.
– Можам да кажам дека Обамејанг е суспендиран, причините нема да бидат обелоденети во јавноста. Тоа е одлука на тренерот што ние како управа ја поддржавме. Можете да прашате уште три пати, сигурно ионака ќе шпекулирате, но конкретна изјава за причините нема да добиете – изјави Вацке пред новинарите.
Обамејанг беше поврзуван со заминување во Реал Мадрид и Манчестер сити, но сепак остана во Дортмунд летово. Тој веќе постигна десет гола за „милионерите“ сезонава, но по најновиот конфликт иднината на одличниот голгетер во Дортмунд е сериозно доведена во прашање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Жолтиот ѕид“ никогаш не изгледал потажно: Германците уште еднаш порачаа, понеделник не е ден за фудбал (фото)
-
Обамејанг пред потпис со Арсенал, напаѓачот им прати чудна порака на фановите
-
Суспендиран полицаецот кој го фотографираше Чавков во Шутка: Во тек е дисциплинска постапка
-
Гундоган со детали од престојот во Дортмунд: На тренинг доаѓавме пијани