| четврток, 6 декември 2018 |

Квалификации за ракометното ЕП: Македонија ја победи Украина, Лазаров незапирлив

Машката македонска ракометна сениорска репрезентација со победа над Украина со 27-21 ги почна квалификациите за Европското првенство во Хрватска.

Капитенот Кирил Лазаров беше незапирлив и со 12 голови беше најдобар поединец и стрелец на натпреварот. Дејан Манасков постигна шест, а Талески трипати беше прецизен.

Избраниците на селекторот Лино Червар имаа светли точки, но и падови во текот на мечот кои за среќа, не беа големи за да влијаат на конечниот резултат.
На почетокот се играше гол за гол, но како одминуваше времето Македонија го преземаше водството и на полувремето се замина со предност од 13 – 10.
Во второто полувреме Македонија го диктираше мечот, Украина успеваше да дојде до два разлика на неколку пати, но не успеа да ја загрози победата, на крајот нашата репрезентација славеше со највисоки шест голови разлика 27- 21.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top