Само неколку дена пред претседателските избори во САД, Федералното истражно биро објави архиви стари 17 години што содржат документи за одамна затворена истрага за тоа како Бил Клинтон како претседател го помилувал Марк Рич, осуден финансиер во 1983 година, пишува Нова Македонија.
Рич побегнал во Швајцарија за да избегне гонење, а починал во 2013 година. Клинтон го помилувал Рич во последниот ден од својот претседателски мандат. Федералната истрага за Рич завршила во 2005 година без да биде покренато обвинение.
Портпаролот на Белата куќа Џош Ернест изјави дека не му е познато дека кој било од Белата куќа е консултиран за тој материјал пред неговото објавување.
Тоа е најново обелоденување документи од страна на ФБИ и тоа покрена прашања од преизборниот штаб на Хилари Клинтон за тајмингот на нивното објавување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.