Погледнете како Бил Клинтон ја гледа Аријана додека пее на погребот на Арета Френклин…
Последното испраќање на славната дива беше организирано во Детроит. На погребот присуствувале бројни нејзини пријатели и членови на семејството, а говор одржал и поранешниот американски претседател Бил Клинтон (72).
На погребот настапила и младата пејачка Аријана Гранде(25), но изгледа дека Бил Клинтон не можел да го тргне својот поглед од неа.
Додека 25. годишната Аријана ја изведуваше песната на Арета Френклин “Natural Woman”, камерите го уловиле воодушвениот Клинтон како внимателно го набљудува секој нејзин потег. На социјалните мрежи веднаш започна да се пишува дека Бил не може да одолее на млади девојки, со оглед на неговото минато.
„Одвратно“…„Погледнете како Бил Клинтон ја гледа Аријана додека пее на погребот на Арета Френклин и обидете се да не повратите во уста”, “Бил повторно би ризикувал поради Аријана”, “Некои работи никогаш не се менуваат”…,беа само дел од коментарите, а потоа следува дискусија дека пејачката не била соодветно облечена за на погреб, бидејќи нејзиниот фустан бил многу краток.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.