Нуклеарните централи и другите снабдувачи со енергија добија предупредување од американското Министерство за внатрешна безбедност и од ФБИ дека е можно да биде извршен хакерски напад врз нивните компјутерски системи.
Министерството за внатрешна безбедност на САД вчера соопшти дека не постои закана за безбедноста на луѓето, но се претпоставува дека хакерите се обиделе да извршат упад во деловни и административни мрежи на постројки, без да наведе за кои постројки станува збор.
Вообичаено е ова Министерство и ФБИ да го советуваат приватниот сектор за можни кибер напади, со цел да му помогнат да ги заштити евентуално ранливите мрежи.
Предупредувањето е испратено по честите наводи во медиумите дека американските нуклеарни и други централи би можеле да бидат мета на хакерите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.