Селекторот на македонската ракометна репрезентација Лино Червар го скрати списокот и на неколку часа воочи мечот со Украина во квалификациите за Европското првенство во Хрватска и ги пријави ракометарите кои ќе бидат дел од официјалниот записник. Од поширокиот избор испаднаа Томовски, Велковски, Арнаудовски, Тасевски и Поповски.
Македонија против Украина ќе се надева на победа со следните ракометари: Ристовски, Даскалоски, Георгиевски, Јоновски, Кузмановски, Кирил Лазаров (капитен), Филип Лазаров, Манасков, Велко Маркоски, Никола Маркоски, Митков, Неловски, Ојлески, Прибак, Стоилов, Талески.
Мечот почнува во 18.30 часот во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Не зборувајте со невестата, носете само коњски реп: Гостите добиле листа со 10 правила за присуство на оваа свадба (ФОТО)
-
Трагична вест од Шпанија: Ракометари на Гранољерс загинаа во сообраќајна несреќа
-
Македонија и Украина ќе ја интензивираат политичката и економската соработка