| четврток, 6 декември 2018 |

Промовирана туристичката понуда на Македонија пред швајцарските туристи

promocija

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија за првпат ја претставува туристичката понуда на 14-тото по ред издание на интернационалниот саем за туризам “iViaggiatori” во Лугано, Швајцарија (30 Октомври- 1 Ноември).

Поради фактот дека оваа нација преферира да патува без посредник, на саемот мнозинството од излагачите се национални туристички организации, хотели, држави и градови кои ја промовираат својата туристичка понуда.

Околу 26 земји и повеќе од 200 штандови се посетени од 11 000 швајцарски семејства кои се во потрага по следната туристичка дестинација.

Народот која има просечна плата од 5.500 евра и најголем број на патувањa во текот на годината, покажа огромен интерес за природата и културата во Македонија.

И покрај тоа што швајцарците сакаат да патуваат индивидуално и самостојно, околу 30% од нив преферираат патувањето да е организирано преку туристичка агенција и со фокус на летните одмори и гастрономијата. Помладите се пофлексибилни кога е во прашање должината на одморот, но се во потрага по одмор кој без исклучок вклучува активности во природа.

И покрај тоа што омилени туристички дестинации им се соседните земји, 50 000 посетители на саемот во Лугано се воодушевија од можноста за активен одмор во земја која е дел од европскиот континент. Со фрекфенцијата на патување од 3-4 пат годишно, швајцарските тур-оператори сметаат дека просечен швајцарски турист може да помине 5 до 6 дена одмор во Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top