| четврток, 6 декември 2018 |

Лагите на СДСМ израени во бројки: Наместо половина милион фантоми, Избирачкиот список брои 3000 гласачи повеќе

Наместо половина милион фантоми, избирачкиот список брои 3000 гласачи повеќе од изборите во 2014, покажуваат последните податоци на Државната изборна комисија. Според нив, паднаа во вода сите обвинувања на опозицијата дека поради неправилности во избирачкиот список ги загубиле изборите пред 2 години.

Раководството на СДСМ излегуваше со синхронизирана изјава пласирајќи информации дека во земјава нема повеќе од 1.500.000 гласачи. Избирачкиот список со идентичен број на гласачи како во 2014 година кога опозицијата доживеа катастрофален пораз од 200.000 гласа разлика.

plusinfo

„Се покажа дека над 330.000 гласачи во избирачкиот список се сомнителни“, рече Шеќеринска во еден од своите настапи во јавноста.

„Речиси половина милион имиња на избирачкиот список треба да се проверат“, изјави Шеќеринска во друга прилика.

lib2

„Значи 372.000 остануваат спорни и сомнителни“, изјави Заев.

Во петокот, ДИК го стави на увид избирачкиот список. Според него, најбројни се првата и шестата изборна единица, а најмалку гласачи има во двојката.

novatv

Бројките кои ги објави ДИК, се далеку од оние кои СДСМ оперираше во периодот пред распишувањето на изборите.

„Во Македонија нема повеќе од 1,5 милиони гласачи“, рече потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски.

„Се констатира дека во РМ имаме околу 1.500.000 избирачи“, изјави генералниот секретар на СДСМ Оливер Спасовски.

a1on

-Вкупниот број на гласачи е 1.783.715 – рече Љупка Гугучевска од ДИК.

ДИК речи си една година го чисти избирачкиот список според методологијата која што ја бараше СДСМ. По завршувањето на целата процедура, без право на глас останаа голем број граѓани, меѓу кои и активистката на платеничката револуција, Мирјана Најчевска, која поднесе и тужби против ДИК.

За вршење јавен увид во ИС и за пријавување на граѓаните со спорни записи, ДИК отвори дополнителни канцеларии во 17 општини каде што нема свои подрачни одделенија или канцеларии. Од 8:30 до 19 часот отворени се канцеларии во Сарај, Ѓорче Петров, Студеничани, Аеродром, Шуто Оризари, Чучер Сандево, Арачиново, Петровец, Липково, Долнени, Боговиње, Брвеница, Желино, Јегуновце, Теарце, Маврово и Ростуша и Врапчиште.

Според информациите од ДИК, до вчера до 19 часот во подрачните единици и канцеларии увид во ИС направиле 766 избирачи.

Пријавени за гласање од дијаспората досега се 4.973 државјани на РМ, а 56 лица кои биле со спорни записи од 29.858.

Синоќа на седница ДИК го усвои прирачник за едукација на Избирачките одбори во странство и Програма за едукација на изборните органи.

Јавниот увид во Избирачкиот список започна на 29 октомври и ќе трае до 11 ноември.

Од евидентираните 1.783.715 лица во Избирачкиот список кои имаат право на глас на претстојните предвремени парламентрани избори, вкупно 297.109 се во Изборната единица (ИЕ)1, 307.675 се во ИЕ 2, 282.885 се во ИЕ 3, 285.628 се во ИЕ 4, 296.322 се во ИЕ5 и во 314.096 се регистрирани во Изборната единица 6.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top