Џош Скот, кошаркарот кој ги брани боите на МЗТ Скопје е прогласен за МВП на 7. коло во регионалната АБА-лига.
Македонскиот првак на гостувањето кај Мега Лекс загуби со 72-87, меѓутоа Скот блескаше на паркетот со 22 постигнати поени и 8 скока (4 офанзивни, 4 дефанзивни). Посебно, тој се истакна во рекетот во кој постигна 6/7 поени за два, а втора „специјалност“ му беа слободните фрлања во кои постигна 10 од вкупно 12 обида.
Поради одличната партија тој се најде на врвот со 35 индекс-поени, пред Анте Жижиќ (Цибона, 31 индекс-поени), Иван Маринковиќ (Задар, 30 индекс-поени), Алфа Каба (Мега Лекс, 28 индекс-поени) и Марко Луковиќ (Крка, 27 индекс-поени).
Од македонските тимови со врвот се закитија уште Дарко Соколов, кој има 100% ефикасност во шутевите на дуелот против Олимпија Љубљана (3/3 за два, 2/2 за три), а исто така, за најдобар асистент е прогласен Стефан Синовец од МЗТ Скопје, со вкупно 10 асистенции. Џош Скот покрај МВП, го доби и третото место на поентерската листа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.