| четврток, 6 декември 2018 |

Папаз со колекцијата „Враќање на антихеројот“ допре до љубителите на модата

“Враќање на антихеројот” е насловот на првата официјална есен – зима колекција на модното име “Papaz” која беше презентирана на Моден викенд Скопје. Испровоциран од нетипичниот пристап за испиранција, дизајнерот Андреј Папаз Ѓоргиевски, како појдовен лик го зема ликот на Медеја, од чиј карактер се материјализира цела колекција.

Богатата палета од квалитетни материјали обоени во беж нијанси, па се до потемни кафеави и црни тонови, прави да секое парче облека биде стилизирано и обогатено со раскошни текстури и суптилни детали. Женствената силуета сугерира на повеќе варијации на драпеа и елегатнo модерни кроеви.

Темата за колекцијата неколку години беше заклучена во фиока, а активниот ангажман се случуваше во текот на цела ова година. Кога се оди по план, квалитетот е неизбежен. Да се спреми еден ваков настан, колекција, ревија и се она што е зад сцената е вистински предизвик. Среќен сум што можам да се потпрам на своето искуство, а заедно со тимот на Моден викенд Скопје, со ревијата успеавме да допреме директно до љубителите на модата“ вели Папаз.

Совршениот лик за колекцијата е секоја несовршена личност која се спротивставува на толпата. Колекцијата се занимава со внатрешниот човечки изглед, кој го трансформира и бескомпромисно го прикажува онаков каков што е, храбар, незапирлив, неуништлив. Да се освои толпата и да се продолжи заедно со неа е херојство, но храбро да и се заврти грбот и без двоумење да се продолжи, е мисија на реткиот антихерој.

Музиката на ревијата е на Димитар Андоновски а изработката е на студио “Матра”. Оваа колекција е финансирана од страна на Министерство за култура на Република Македонија, спонзорирано од Securicom и Pixel print.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top