| четврток, 6 декември 2018 |

Господине разбојник немаме пари, а во ред… се извинувам

maskiran razbojnik

Pазбојник се откажал од намерата да ја ограби поштата во Прилеп, откако вработената љубезно му кажала дека во касата нема пари.

По малку комичниот настан бил регистриран во билтен на прилепската полиција. Вчера во 8.30 часот во Прилеп на улица Октомвриска, маскирано лице влегло во пошта на „Македонски пошта“ и со закна со пиштол се обидел да изврши разбојништво над вработените, но откако му било кажано дека нема пари, сторителот се откажал од намерата и побегнал.

Се преземаат мерки за откривање на сторителот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top