| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто вашата постара сестра е најдобрата личност на светот?

Без оглед на тоа колку аргументи имате на темата кој краде чија шминка, кој е омиленото дете во семејството и што да гледате на телевизија, љубовта кон вашата сестра е безусловна.

Таа е веројатно една од најдосадните личности во вашиот живот но истовремено таа е и една од најдобрите. Всушност ако подобро размислите таа е најдобрата.

А ова се причините зошто е тоа така:

1. Можете да зборувате со неа буквално за сè

Таа е личноста до која барате совет кога не сакате да зборувате со вашите родители и пријателите. Зошто? Бидејќи знаете дека нема да ви суди, а веројатно веќе и поминала низ истото.

2. Таа ќе ви го чува грбот без оглед на сè

Таа живее според правилото „Само јас можам да бидам лоша кон мојата мала сестра“. Никој друг.

3. Таа била експериментот

Вашите родители ги тестирале на неа сите нивни правила и казни, што би значело дека на твоја возраст таа била казнувана ако задоцни и неколку минути, а тебе ти е дозволено да напишеш порака „Ќе задоцнам“ и приказната да заврши тука.

4. Таа е вашиот пример

Кога сте мали и немате никој освен родителите, вашата сестра е личноста на која се восхитувате и ја копирате. А таа знаеше како да ве натера да ги прашате родителите работи за кои и било страв или непријатно да ги праша самата – секако вие никогаш не наседнувавте на тоа.

5. Таа ви помагаше со вашата домашна

Не зборуваме за објаснување како се решава задачата по математика, туку за чување на нејзините стари тетратки од каде вие ќе препишете.

6. Таа ви помогна да изградите сопствен стил

Колку и да не сакате да признаете, барем дел од вашиот стил се должи на вашата сестра. Секако обожававте да крадете од нејзиниот плакар секогаш кога сакате да бидете малку поубаво дотерани, нели?

7. Таа нарави детството да ви биде неверојатно забавно

Дури и како малку повозрасна кога вашите родители ве доверуваа на чување во нејзини раце таа ви дозволуваше да правите речиси сè што сакате, вклучувајќи скокање на креветот и јадење еден куп чоколади.

8. Таа ве познава подобро отколку што се познавате самата себе

Таа поминала низ речиси сите ситуации низ кои поминуваш сега и те знае подолго од секој друг, што накратко значи дека знае сè за тебе. Таквата поврзаност е нешто кое нема да го имате со никој друг во животот.

9. Таа е дел од сите ваши детски сеќавања

Имате огромен број на заеднички спомени, за многу од кои вашите родители дознаат дури откако откако ќе пораснете.

10. Таа е вашата најдобра пријателка

Колку и да знае понекогаш да ве извади од такт, таа е личноста која секогаш ве поддржува и е тука за вас без оглед на сè.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top