Манчестер јунајтед останува без една важна алка во својот состав во наредните два месеци, откако Антонио Валенсија заработи скрешница на рамото и повредата ќе мора да ја санира со хируршки зафат. Тоа значи дека тој подолг период ќе отсуствува од терените, а Мурињо ќе мора да му даде шанса на италијанскиот интернационалец Матео Дармијан, кого го имаше ’отпишано’ и веќе беше ставен на трансфер – листа за зимскиот преоден рок. Сепак, повредата на Валенсија може да ги промени работите за Италијанецот.
„Црвените ѓаволи“ денеска на домашен терен го пречекуваат тимот на Барнли, а во моментот се наоѓаат на седмата позиција на табелата со 14 освоени бода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.